Стојанче Ангелов ке се кандидира за претседател на Македонија

Објавено: 22 октомври, 2013, во 15:20 часот

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, ќе се кандидира  за претседател на државата, на изборите в година. Тој најави самостоен настап на претседателските избори.

– Со сета почит кон досегашните претседатели, Глигоров, Трајковски, Црвенковски и Иванов кои ја предводеа државата во тешки времиња, мене ми преостанува доколку бидам избран за претседател на државата уште поенергично и бескомпромисно да се борам за националните интереси – изјави Ангелов.

Денешната прес конференција на „Достоинство“ се одржа откако минатата недела  партијата ја напушти коалицијата со СДСМ.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.