Стојанче Ангелов ке се кандидира за претседател на Македонија
Објавено на 22 октомври, 2013 во 15:20
Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, ќе се кандидира за претседател на државата, на изборите в година. Тој најави самостоен настап на претседателските избори.
– Со сета почит кон досегашните претседатели, Глигоров, Трајковски, Црвенковски и Иванов кои ја предводеа државата во тешки времиња, мене ми преостанува доколку бидам избран за претседател на државата уште поенергично и бескомпромисно да се борам за националните интереси – изјави Ангелов.
Денешната прес конференција на „Достоинство“ се одржа откако минатата недела партијата ја напушти коалицијата со СДСМ.