Работни мантили задолжителни за наставниците ќе носат ли учениците кецељи?
Објавено: 23 септември, 2013, во 16:23 часот
Носеа работни мантили сите наставници кои денеска излегоа во дворот на основното училиште „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ на стартот на ученичка еколошка патрола на велосипед. Сликата беше поинаква од досега вообичаената на која се навикнати граѓаните. Директорката Фиданка Ивановска рече дека во ова училиште втора година работниот мантил бил задолжителен за наставниците.
– Веќе втора година наставниците и останатиот персонал во училиштето носат работни мантили. Освен во ова мислам дека работната униформа ја користат наставници во уште едно училиште во градот. За другите немам информации, рече Фидановска.
Работниот мантил ги издвои наставниците од останатите присутни на настанот. Tие со него беа еднакви пред учениците без разлика на брендираната или обична гардероба која ја носеа под мантилот. Според мислењето на граѓаните тоа е доба слика и остава впечаток врз учениците. Некој се потсетија на афторитетот на нивните наставници.
Го прашавме и градоначалникот што мисли за работниот мантил како задолжителен во училиштето и дали општината мисли да воведе палта и за учениците.
– Задолжителен работен мантил за наставниците да, и не само во основните туку и за професорите во средните училишта. Со стручните соработници во општината ќе поразговараме и за ученичките палта но ќе обрнеме внимание на економскиот дел, поточно на фактот тоа да не го оптерети семејниот буџет, рече градоначалникот Славчо Чадиев.
Работната облека врз секојдневната гардероба може да ги надмине класните разлики во училиштата. Особено кај посиромашните ученици чии родители не се во можност да им купат скапа гардероба.
