Под контрола се трите пожари во велешко
Објавено: 6 септември, 2013, во 14:22 часот
Пожарот над селото Мелница на Мелничка планина попладнево е повторно ставен под контрола благодарение на 24 часовната интервенција на Eкипа на ЈП Македонски шуми подружница ШС „Бабуна“ од Велес и локалното население од Мелница и Горно Врановци денеска попладне го ставија под контрола пожарот на Мелничка планина.
Според Диме Андонов од ШС „Бабуна“ таму сеуште се наоѓаат вработени кои го конролираат пожарот..
Ставен под контрола е и пожарот кој вчера доцна попладне избувна на планината Мукос, веднаш над манастирот кај селото Степанци. Не гори ниту шумата над селата Карабуњиште и Слп бидејки е изгаснат а површината се контролира.
Луѓе ги имаат предизвикано сите три пожари во велешко./Б.Н
