Од есенва, во Велес, дисперзирани студии и на Универзитетот за туризам и менеџмент од Скопје

Објавено: 30 август, 2013, во 08:50 часот

Приватниот Универзитетот ќе биде сместен во строгиот центар на градот и ќе понуди високо образование на повеќе студиски групи.

Овој Универзитет постои седум години, наставата ја започна со настава за туризам и потоа ја прошири со насоките за менаџмент, за маркетинг, за менаџмент на човекови ресурси, за спортски туризам, за односи со јавноста,  за економија како и со додипломски и посдипломски студии.

На синоќешната промоција во Младински парк проректорот на универзитетот проф д-р Мијалче Ѓорѓиевски рече дека целта на проширувањето е високото образование да биде поблизу и достапно за сите кои сакаат да се школуваат.

– Целта ни е да го приближиме студирањето до младите преку дисперзирани студии во местото на живеење,што ќе значи и поевтино студирање. Универзитетот соработува со бизнис секторот,каде наши студенти во лето имаат пракса, а и самата наша цел е,  да образуваме кадри за стопанството и бизнис секторот”, потенцира проф д-р Ѓорѓиевски.

Досега  на овој универзитетот се школувале 1.000 студенти за додипломски и 250 на посдипломски студии.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.