Продолжува со работа ад хок комисијата
Објавено: 21 август, 2013, во 08:28 часот
Продолжува денеска со работа ад хок комисијата за расчистување на настаните од 24-ти декември. Според изјавата на претседателот на Комисијата во оставка, професорот Борче Давитковски можно било решение до петок.
За денеска се најавени одделни средби на Давитковски и странскиот експерт Петер Ванхаусен со претставници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и на опозицискиот СДСМ.
– Преговорите продолжуваат и некои детали треба да се прецизираат на одделните средби, а ако има потреба и во четврток и на заедничката средба во петок да се заврши работата – изјави вчера Давитковски.
