Во Велес најмногу се крадат акумулатори и работен алат

Објавено: 20 август, 2013, во 14:11 часот

 

Нив арамиите најлесно можат да ги продадат затоа многу често ги крадат. Во изминатите седум дена во градот се случиле по  една тешка кражба, разбојништво, насилство, измама и нанесување на телесна повреда. Во просек по еднаш дневно бил нарушен јавниот ред и мир во градот. Полицијата интервенирала во осум случаи во кои имало физички напад ,карање и викање на висок тон, омаловажување на службено лице и држење на кучиња без заштитна маска.

Според билтенот на СВР Велес, во изминатата недела, биле контролирани и угостителските објекти во кои за време на викенд, ноќе, се правеле проверки околу гласно пуштената музика и други инциденти кои се спротивни на  законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Угостителите и гостите биле мирни и дисциплинирани па никој не заработил пријава.

Во општината се случиле девет сообраќајни несреќи, пет во во населено место ,а четири надвор од градот и во нив пет лица се здобиле со телесни повреди.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.