По невремето, Чашка денеска без струја а Велес без интернет

Објавено: 16 август, 2013, во 13:59 часот

Тринаесет часа без струја беа жителите на општина Чашка. Како последица на силните електрични празнења струја, ноќеска, во 2 часот снема во населбата, потоа во селата на линијата до Јасеново, како и во велешката населба Превалец и во селото Раштани.

Екипи на ЕВН работеле од утринава па бидејќи станувало збор за голем дефект било потребно време за отстранување. Попладнево во 15 часот и 20 минути обезбедена е електрична енергија за сите населени места во двете општини.

Силни електрични празнења ноќеска имаше и во Велес. Повеќе од еден час градот беше под опсада од силни молскавици кои целосно го осветлуваа како да е ден. Тие предизвикаа оштетување на интернет комуникацијата. Кабелските оператори сеуште се обидуваат да ги отстранат дефектите во некој региони на Велес. Други дефекти не се пријавени./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.