Утре и задутре уписи на бруцоши на факултетите во Велес

Објавено: 14 август, 2013, во 13:40 часот

Во прва година на петте факултети се очекува да се запишат 420 студенти.

Најмногу слободни места, 80  имаат Економскиот и Земјоделскиот факултет.

На Техничко -технолошкиот ќе можат да се запишат 70 бруцоши. 40 слободни места има на факултетите за информатика и за туризам.

Во Велес студирањето ќе чини од 100 до 400 евра. Вонредните студенти плаќаат највисока цена.

Единствено годинава во градот нема да се студира на дисперзираните студии по правни науки./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.