Утре и задутре уписи на бруцоши на факултетите во Велес
Објавено: 14 август, 2013, во 13:40 часот
Во прва година на петте факултети се очекува да се запишат 420 студенти.
Најмногу слободни места, 80 имаат Економскиот и Земјоделскиот факултет.
На Техничко -технолошкиот ќе можат да се запишат 70 бруцоши. 40 слободни места има на факултетите за информатика и за туризам.
Во Велес студирањето ќе чини од 100 до 400 евра. Вонредните студенти плаќаат највисока цена.
Единствено годинава во градот нема да се студира на дисперзираните студии по правни науки./Б.Н


