Смет виси над чешмата кај Бабуна
Објавено: 10 август, 2013, во 14:00 часот
Глетката што деновиве ја затекнавме не оддава впечаток дека има грижа за сметот во близина на вливот на Бабуна во Вардар. Чешмата, која се наоѓа кај месноста викана Кланица, е затрпана со смет. Расфрлана пластична амбалажа, хартија и остатоци од храна на земјата и полни најлонски кеси закачени на околните дрвја. Таму нема поставени контејнери. Ова се случува на паркин простор покрај стариот пат на неколку километри од Велес и пред влезна капија на фирма.

Рибарите кои ги сретнавме кај Кланица рекоа дека имало и поголемо количество на смет кој граѓаните го оставаат. Особено по викендот поминат на брегот на реката Бабуна. Според нив сликата може да биде поинаква ако се постават контејнери кои редовно ќе се празнат.
Од оваа чешма освен што се разладуваат вода полнат и дома ја носат многу велешани./Б.Н



