Нов медицински апарат во болницата за осовременување на хирушки операции
Болницата купи нов апарат, генератор за лигирање на крвни садови. Ќе го користат хирушкото одделение, урологија и гинекологија. Апаратот го скратува времетраењето на давање на анестезија и на операции, што директно ќе се одрази и на времето потребно за болничко лекување, вели директорот на болницата д-р Атанас Василев.
– Со апаратот јас извршив една гинеколошка операција а завчера на хирушкото одделение во Велес оперираше и д-р Сашо Дохчев. Тој изврши операција за отстранување на карцином на бубрег. Тоа е оперативен зафат кој претходно се извршуваше за 3 до 4 ча додека сега со новиот апарат операцијата на колегата траеше 1 час и 15 минути, рече д-р Василев.
Тој очекува двајцата оперирани пациенти да бидат задржани само неколку дена на гинеколошкото и уролошкото одделение бидејќи нивната здравствена состојба е добра. За скратеното време од болничко лекување исто така придонел употребениот нов медицински апарат.
Генераторот за лигирање на крвни садови чини 2 милиони денари. Болницата го купила од сопствени сретства и пари кои ги добила од министерството за здравство./Б.Н