Марија Хаџи-Ристова единствената велешанка во експедицијата која ќе го искачува Монт Блан
Објавено: 24 јули, 2013, во 10:21 часот
– Едвај чекам да одам иако на планината не очекува руски рулет – камењарот наречен Кулоарот на смртта, рече триесет годишната велешанка Марија Хаџи-Ристова. Таа утре заминува на пат за да го доживее како што вели до сега најголемото планинарско искуство во својот живот. Ќе биде дел од пет члената експедиција која ќе се обиде да го освои највисокиот врв на Алпите, Монт Блан. со четиримесечна подготовка и до сега искачени повеќе врвови во земјава и Европа, Марија вели дека е подготвена за овој предизвик.
– Многу сум возбудена едвај чекам да одам. Деновиве се подготвував на Олимп во Грција, но се разбира предходниве месеци имав интензивни подготовки на Водно кои вклучуваа вежби за спасување и движење во наврска. До сега сум била на Алпите, но до височина од 3 100 метри на масив на кои се наоѓаат ледничките езера, а од спроти се гледа Монт Блан, вели Хаџи-Ристова.
Освен Марија во пет члената експедиција која заминува за Франција се и уште четворица планинари од Скопје. Тие заминуваат утре вечер и ќе патуваат до Италија каде првен како подготовка планираат да го искачат врвот Монте Роса кој е висок 4 593 метри. По ова заминуваат за Франција во кампот Шамони од каде ќе чекаат добро време за да се искачат на крајната цел, 4 810 метри високиот Монтблан.

– Очекуваме убаво време за качување. Сепак најопасно е поминувањето на камењарот наречен „Кулоар на смртта“. Тоа е како да играш руски рулет. Широк е половина метар, а долг 200 метри. Постојано има одрони од карпи па доколку се случи несреќа можеш да паднеш во провалија. Мора да бидеме многу претпазливи, а поради големите одрони ќе го поминуваме еден по еден, а не во наврска“, рече Марија.
Инаку овој врв до сега го има искачено само едно момче од Велес, вели Марија, која ако успее во намерата ќе биде горда што е првата девојка од градот која го освоила Монт Блан. Помош и пристигна од неколку спонзори меѓу кои и од Општина Велес која и донираше 20 илјади денари, а таа како благодарност на врвот ќе го развее општинското знаме./Б.Н.
