Се отвара фонд од кој пари ќе може да црпат иноватори!
Објавено: 18 јули, 2013, во 15:09 часот
Козорциум Иноватор 2013-та преку проект ќе ги истражува потенцијалите и пазарот на авторски дела и иновации во Македонија. Тие се особено значајни информации бидејќи преставуваат прв чекор на економски развој според европските стандарди. Откако во државата беше донесена законската регулатива иноваторите добиваат можност за заштита и на легитимните авторски права на нови производи, технологии, патенти, дизајни на амбалажа. Според Љубомир Ракиџиев иноваторите преку Конзорциумот ќе можат да користат неповратни сретства во висина од 10, 30 и 80 илјади евра од штотуку формиран иновациски фонд.

– Ова е сериознен проект на Владата, со која соработуваме, а проектот го работиме заедно со УКИМ, Државниот завод, Економски институт како и со неколку агенции. Тоа е сериозна работа и секако предизвик бидејќи голем број на производи кои се наоѓаат на гондолите во продавниците како и во фирмите производители кои не се заштитени ќе имаат непријатности од инспекциите доколку уредно не се регистрирани, рече Ракиџиев.
Заштитата на производите има важна улога во производството и пласманот. Само заштитениот производ гарантира квалитет и е гаранција дека на пазарот нема да се појави негова копија. Заштитете го производот со трговска марка, индустриски дизајн или патент, порача Симче Симјановски од Државен завод за индустриска сопственост.

Агенцијата за интелектуална сопственост на заинтересираните иноватори ќе им нуди совети како да го заштитат својот производ./ Б.Н

