Што е со писмото од Груевски до Самарас?
Премиерот, Никола Груевски, му понуди директна средба на грчкиот лидер, Андонис Самарас.
По неуспехот на самитот на ЕУ, во кој Македонија не беше спомената за прв пат по 15 години, премиерот покажа нова иницијатива за односите со Грција.
Во писмото Груевски побарал директна средба со Самарас што е можно поскоро. Тоа содржи предлог за поконкретни разговори меѓу лидерите и создавање тимови кои ќе го помогнат решавањето на спорот со името, дознава Утрински.
Во Македонија мислењата се поделени за писмото, но во Грција тоа веднаш доби критика.
„Премиерот на ФИРОМ се најаде во непријатна ситуација,но наместо да е самокритичен, смета дека за се одговорноста ја сносат другите и смета дека со комуникациски трикови ќе ја измами и меѓународната заедница и народот“, пишува грчкиот весник Етнос.
Иако ова наликува на барање за директни преговори, од кабинетот на премиерот велат дека ова е дел од процесот што се води преку Обединетите Нации. Не се знае дали писмото е пристигнато до Самарас, кој деновиве има важни средби со повеќе европските дипломати.
Л.С.