СДСМ се отвора кон граѓаните!

Објавено на 30 јуни, 2013 во 14:09

Заврши првиот дел од конгресот на СДСМ, на кој претседателот на партијата, Зоран Заев, ги соопшти новините, измените и дополнувањето на статутот на партијата со кој, како што рече, се отвораат вратите на СДСМ за сите граѓани, пренесе А1.он.

СДСМ во организационата поставеност ги враќа месните организации, од 20 на 30 проценти го зголемува учеството на млади а на жените во партијата од 30 на 40 проценти. Предвидена е реорганизација со нов облик на организирање и дејствување на општинските организации. Ќе се воведе  функцијата заменик претседател на СДСМ.

– Сите статутарни промени овозможуваат целосна отвореност на партијата кон граѓаните од сите општествени слоеви и за сите кои можат да придонесат за подобра иднина.

– Повторното актуелизирање на месните организации е со цел да се зајакне партијата во руралните средини, каде што досега покажала слаби резултати, изјави Зоран Заев.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.