Шарапова продава бонбони!

Објавено: 24 јуни, 2013, во 09:47 часот

Во последно време тенисерката Мариа Шарапова почна да разгледува други опции за заработувачка.

ББС известува дека неодамна таа го искористи својот бренд и го промовираше својот нов бизнис: гумени бонбони “Шугарпова„.

“Бизнисот и спортот се натпреварувачки света, и јас сакам да бидам дел од двата“, изјави Шарапова по вчерашниот вимблдон натпревар. Оваа идеја и се појавила за време на својата рехабилитација по операцијата на рамото во 2009. Шарапова и порано има склучувано бизнис договори со компании како Порше, Најк, Таг Хеур и Самсунг.

Според Форбс, Шарапова има тотална заработувачка од 26 милиони долари, правејќи ја 22та најдобро платена спортистка во светот. Таа коментира дека ова се само бројки и дека постои и креативна мотивација за други бизниси. Во иднина тенисерката очекува да работи и во модната индустрија.

Л.С.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.