Жерновски: Сакам општината да им се врати на граѓаните!

Објавено на 11 јуни, 2013 во 15:39

Градоначалникот на Центар ја обвини власта ја опструира работата на општината и дека сето тоа ќе биде на штета на граѓаните.

-Ние бараме да се укине новиот и да се врати стариот ДУП. И таму, во стариот црквата ја има, значи повторувам црква ќе и нема да се руши. Се надевам ќе има разбирање и не можам повеќе да сфатам за што се протестите. Сакам општината да се врати на граѓаните, сакам да функционира законот, сакам да престане трајното оттуѓување на јавните површини кои што им припаѓаат на граѓаните и ќе се борам до крај, веќе се бројат часовите кога ќе започне да се гради и на она мало парче зеленило што остана помеѓу хотел Бристол и Рамстор, на сечење дрвја за градење на една неразумно висока повеќекатница, сакам да го спречам проектот затоа што не можам да разберам што ќе е една катна гаража во централниот дел на паркот. Добив доверба од граѓаните за ова, но тоа не значи дека сакам да го рушам тоа што е направено досега. 

Жерновски соопшти дека вчера за време на демонстрациите во општина повторно дошла управна инспекција. 

-Не можам да разберам зошто општината е буквално нападната и опседната. Се надевам дека полицијата нема да дозволи да се нападнат оние кои работат во советот. Ова е слика за демократијата во Република Македонија, не станува збор за имиџот на општината и ова не е битка за ДУП-овите и ГУП-овите туку за демократијата и како власта ја разбира таа демократија. Стравувам дека овие случувања ќе се одразат негативно и на извештајот за Македонија од ЕУ.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.