Свет на линии!

Објавено: 23 мај, 2013, во 09:20 часот

Постојат многу начини на кои линиите можат да се носат со линии а најдобро е хоризонталните да се спојуваат со вертикалните.

Кога е модата во прашање линиите можат да постигнат многу, да направат да изгледате повисоки или да ја разбијат монотонијата на облекувањето.

Оваа сезона на линиите им е даден нов живот тие се пошироки, во многу бои и дозволено е да се комбинираат на повеќе начини.

Ако не сте љубител на линиите тогаш определете се за маица на која има тенки линии а со неа носете еднобојно сако и панталони.

Исто така одлична варијанта се и памучните маици со дискретни линии под летно ленено одело во иста неутрална боја.

Инаку линиите се добредојдени и во комбинација на вертикални линии на кошула, јакна и некоја интересна летна капа.

Погодок е и комбинирање на маица со широки линии со панталони или бермуди во некои јаки бои.

Оваа комбинација е совршена за ден и за лица кои се наклонети кон младешки стил на облекување.

Ако се определите за горен дел кој на себе има линии во повеќе од две бои, тогаш долниот дел мора да биде едноставен, еднобоен за да не ве „голтнат“ линиите….

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.