По Извештајот на Општински превентивен Совет на детско претстапништво од синоќешната „Граѓанска патрола“ ќе носи одлуки Совет на Општина Велес (фото)

Објавено: 10 јули, 2026, во 10:37 часот

Ги запираа на градските тротоари младите со кои водеа пријателски разговори за одговорно однесување на јавни места без прекршување на јавнен ред и мир или за заштита на поставената урбана опрема од уништување додека од повозрасните велешани собираа информации за тоа што им пречи и ги вознемирува во Велес со конкретни предлози за надминување. Ова,вчера вечер, беше цел на превентивната активност „Граѓанска патрола“ на членовите на Општинскиот совет за  превенција на детско претстапништво на Општина Велес.

– Разговорите ги водевме на пријателска основа и сметаме дека освен што бевме добронамерно сослушани од општокорисна полза за локалната заедница е што им дадовме можност на нашите млади сограѓани да го кажат своето мислење на отворените теми за разговор. Бевме добро прифатени и од повозрасните велешани чии мислења, искуства и предлози, исто така, ги евидентиравме за да ги внесеме во Извештај од “Граѓанска контрола“ којшто ќе им го испратиме на членовите на Совет на Општина Велес за разгледување и за одлучување, рече Катерина Ставревска претседателка на велешкиот Општински совет.

Спроведената „Граѓанска контрола“ е дел од Акцискиот план на Советот за да утврди присуство на малолетници во доцни вечерни часови на улици, во паркови или на спортски терени каде најчесто, според пријави на велешани, се случуваат нарушувања на јавен ред и мир во Велес. Членовите на овој Совет, синоќешната патрола, ја реализираа откако се поделија во две групи од пред зграда на Секрор за внатрешни работи (СВР) Велес.

Членовите на Општинскиот совет за превенција на детско претстапништво на Општина Велес, синоќешната, „Граѓанска патрола“ ја реализираа во соработка со претставници на Сектор за внатрешни работи (СВР), на Центар за социјални работи Велес и советници на Советот на Општина Велес. Контролата започна во 21:30 часот и траеше два ипол часа.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.