Академик Камбовски,предложен за претседател на експертската комисија!
Објавено на 16 мај, 2013 во 14:24
Владо Камбовски, актуелниот претседател на Македонската академија на науките и уметностите и професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје е предложен за претседател на експертската комисија за настаните што се случија на 24 декември во Собранието.
Академик професор Камбовски е предложен од кабинетот на претседателот на денешната средба на генералните секретари на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Кирил Божиновски и Андреј Петров.
Во соопштението е упатен повик до двете партии да се изјаснат за предлогот за комисијата што поскоро да започне со работа.