Македонците навлечени на Диазепам и Еналаприл!
Објавено на 14 мај, 2013 во 06:38
Со 1,65 милиони реализирани рецепти, кардиолошкиот лек “enalapril” е најкористен лек за 2012-та година, што за разлика од претходната е за 7,8 отсто повеќе, објави „Здравство24“.
Зголемување на потрошувачката во однос на 2011-та има и на лекот за смирување Диазепам со 882.013 реализирани рецепти. Ако се има предвид дека овој лек во многу аптеки се добива и без рецепт, тогаш неговата реална потрошувачка е многу поголема.
Исто така, голем број на граѓани го користеле лекот Pentoxifylline.
