На кој начин можете да го вклучите јогуртот во исхраната!

Објавено: 9 мај, 2013, во 09:10 часот

Ако сте во потрага за вкусен и здрав додаток во исхраната тогаш секако би требало да се одлучите за јогурт. Оваа диета е добро позната за подобрување на здравјето кај мажите и жените.

Од јогуртот ќе добиете добри бактерии во желудникот. Во него исто така можете да ги пронајдете сите хранливи состојки кои ги има во млечните производи,како што се витаминот B-2, B-12, калиумот и магнезиумот. Јогуртот во вашата исхрана може да ви помогне во заштита од остеопороза, го намалува ризикот од висок притисок, штити од вагинални инфекции и ја намалува телесната тежина. Еве неколку едноставни начини со кои можете да го воведете јогуртот во вашата исхрана.

1. Свеж и обичен јогурт

Вклучување на свеж јогурт во исхраната ќе ви понуди директно предности кои ги очекувате од консумирање на млечни производи. Обичниот јогурт не содржи дополнителен шеќер и вештачки состојки.

2. Вкусна салата

Салатата е добар извор за вклучување на јогуртот во вашата исхрана. Тоа ќе ви помогне да ги комбинирате здравствените предности на јогуртот заедно со хранливите состојки од зеленчукот.

3. Матеница

Матениците е одличен избор за додавање на јогурт во исхраната. Таа обично е изработена со мешање на јогуртот со вода и зачини.

4. Диета и јогурт диета

Јогуртот е добар извор на калциум, протеини и пробиотици. Тие заедно ги осигуруваат количините на минерали кои се потребни, протеини и витамини C, B-1, B-2 i A.

5.Замрзнат јогурт

Замрзнатиот јогурт ќе ви помогне да ги изгубите килограмите. Тој може да се користи како добра алтернатива за сладолед. Замрзнатиот јогурт е добар извор на хранливи состојки како што се калиум, калциум и витамин А.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.