Три чудни лекови за астма!
Објавено: 9 мај, 2013, во 08:40 часот
Астмата е болест на дишните органи која предизвикува симптоми како отежнато дишење, кашлање и болки во градите. Астмата може да се јави и заради некои алергиски реакции кои во главно се предизвикани поради влакна од домашни миленици, прашина, хемикалии во воздухот или храна.
Понекогаш астмата ја предизвикуваат и респираторни инфекции, стрес или вежби.
Терапија со црви
Многу луѓе тврдат дека терапијата со црви може да се покаже како идеален лек за астма. Но за тој процес треба многу храброст.
Голтање свежа риба
Многу луѓе во источниот дел на светот веруваат дека голтањето на мала количина на сурова риба може да има добро влијание за астмата. Иако не постои цврста основа за таквото верување сепак луѓето го користат овој лек за лечење. За да делува овој лек луѓето мораат да проголтаат риба во среда. После тоа мораат да бидат на диета од 45 дена кога се воздржуваат од пржена храна.
Солено и горко
Медицинската наука докажала дека вдишување на сол е еден од најдобрите лекови за астма. Луѓето доаѓаат во солени пештери и вдишуваат честички сол за ублажување на проблемите со астмата. Овој лек исто така помага во лечење на кашлицата и тешкото дишење.
Консумирањето на горка храна може да ги реши вашите проблеми со астмата во голема мера. Нежните мускули во нашите дробови одговараат на горчината токму како и нашите непца. Рецепторите кои реагираат на горчината во дробовите ги шират дишните патишта со што се докажува дека се одличен лек за астма.
