Време е за голи раменици !
Се чини дека трендот на голи раменици т.н ”off shoulder”, отсекогаш е присутен на модните писти.
На дизајнерите голите раменици,исто им се привлечни како и тесната сукња, чипка или убав вез како и се друго што ја истакнува женската убавина и елеганција. Не е чудо што прва асоцијација на таквиот тренд е токму Кармен. Огнена циганка, заводничка и миленичка на мажите.
Во колекцијата за сезоната пролет/лето голите раменици се многу присутни. Но не секое парче облека е комбинирано со долга сукња како кај Кармен.
Модната куќа Balmain претстави кратко фустанче со долги ракави и широк ремен,Kenzo претстави облека во сафари стил а модната куќа Alexander McQueen фустанот со голи раменици го комбинира со шешир кој потсетува на заштитната маска кај пчеларите.