Изгоре напуштена куќа во Кавадарци!
Пожар утрово пеплоса стара и напуштена куќа во Кавадарци.
Изгоре куќата на улица „Божо Димов ” број 29 во која откако починале сопствениците подолго време не живеело семејството на наследникот, педесет годишниот Д.К.
Пожарот во полиција утрово околу 5 часот и 25 минути, го пријавил случаен минувач. Дошле пожарникарите и со три противпожарни возила се обиделе да го изгаснат пламенот но, тоа тешко одело поради топлото време и огнот кој брзо се ширел низ куќата изградена од плитар и дрво. Изгорен е подот на приземјето и катот како и покривот.
На лице место стигнале и наследниците на куќата кои рекле дека штетата дополнително ќе ја утврдат.
Од соседите пак можеше да се слушне дека објектот бил мета на вандали и внатре влегувале наркомани. Други сметаа дека можеби електричниот довод до куќата, во која била исклучена струјата, можел да го предизвика огнот.
Полицијата направи увид од кој се очекува точно да се утврди причината на пожарот./ Б.Н.Т