Ахмети и Бесими во САД во дипломатска офанзива за името!

Објавено на 6 мај, 2013 во 10:51

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и вицепремиерот Mуса Џафери ја предводат партиската делегација во САД. Во рамките на посетата на Вашингтон планирани се средби во Белата куќа и Стејт департментот на кои ќе се разговара за решавањето на спорот со името и влезот на Македонија во НАТО.

Ахмети и Џафери ќе се сретнат и со медијаторот Метју Нимиц, како и со потпретседателот на САД, Џо Бајден.

Исто така министерот за евроинтеграции Фатмир Бесими утре заминува во Атина на средба со грчкиот министер за надворешни работи Димитри Аврамопулос.

Според аналитичарите, станува збор за средба со обележје на традиционално добри односи меѓу Атина и функционерите на ДУИ која би преставувала стратегија и обид на Грција да изврши притисок врз Владата и Груевски, пренесува 24 Вести.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.