Наумов најави Влада во сенка, Заев заменик претседател!

Објавено на 2 мај, 2013 во 17:26

Класична Влада во сенка, за зголемување на ефикасноста на опозицијата, предлага кандидатот за претседател на СДСМ, Кире Наумов.

Министрите во сенка нема да бидат кандидати за пратеници на следните парламентарни избори бидејќи партијата ќе победи и затоа не е потребна нивната кандидатура за пратеници, рече Наумов.

Промени во СДСМ најави и кандидатот за претседател Зоран Заев. Тој планира да го промени системот на раководење во партијата, доколку ја добие поддршката на Конгресот, и наместо четворица потпретседатели ќе ја има Радмила Шекеринска за заменик претседател. /Б.Н.Т

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.