Почна санацијата на мостот на Вардар!
Објавено на 2 мај, 2013 во 12:19
Почнаа градежните активности за санација на мостот на реката Вардар кај Неготино. Се очекува за два месеци сообраќајот во овој дел од земајва да биде нормализиран,бидејќи во моментов се користат алтернативни патишта.
„Поради забранетиот сообраќај и поради безбедносни причини се започна итно со санација. Тешките товарни возила мораа да кружат преку Велес, а полесните преку алтернативниот мост кај Криволак. Иведувач на работите за санација е скопската фирма Синтекс“ рече Пане Емшов, раковидител на „Македонија пат“ работна единица Неготино.
Тој објасни дека за да се работи на санација била преградена реката Вардар кај селото Пепелиште. / А.Д