Во гардероба, во која помалку ќе ви биде жешко!

Објавено: 2 мај, 2013, во 08:10 часот

На високите температури на себе облечете гардероба од лесни пријатни ткаенини. Така попријатно ќе се чувствувате и помалку ќе ви жеже. Попријатно ќе би биде доколку испиете студен пијалак, но тоа е само додека го пиете. А што потоа?

Еве дел од ткаенините кои можат да помогнат полесно да се поминат жешките денови на овогодишната сезона пролет – лето.

Индиско платно: Мека и лесна, оваа памучна ткаенина е еден од главните избори за лето. Мека е и лесна, има особина да ја апсорбира потта и на телото му овозможува да се разлади.

Лен: Како и памукот, добро ја впива потта и го разладува телото. Цврста и трајна, а сепак потенка од повеќето ткаенини препорачливи за лето.

Кади: Западот го има ленот, а Индија има кади – лесен материјал кој лесно се суши и помага жештината полесно да се надмине.

Мадрас: Лесно памучно платно, најчесто користено за машка облека. Постепено и овој материјал е влезен во редот на материјали пожелни за жешко време.

Свила: Почистите варијанти од свила можат да бидат добар избор за вечерните излегувања во потоплите сезони. Полесни од повеќето материјали, тие не ја задржуваат топлината од телото.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.