Направете ефтин и брз пилинг!
Објавено: 2 мај, 2013, во 07:30 часот
Со добар пилинг, евтино подготвен во домашни услови, ќе ги отстраните изумрените клетки и истовремено ќе ја потхраните кожата.
За ова ќе ви бидат потребни сол или шеќер, палента или гриз (солта делува поинтензивно, затоа избегнувајте ја доколку имате чувствителна кожа и на делови од кожата кои се обично почувствителни). Измешајте одредена количина која сметате дека ќе ви биде доволна за површината од кожата на која ќе правите пилинг и додајте од млекото или гелот кој обично го користите за чистење на кожата.
Ако ги сакате ароматите, може да додадете капка-две од некое етерично масло, во спротивно, доволно е обично маслиново или бадемово масло.
Откако сте ја измешале смесата, време е да ја нанесете на лицето.
Најдобро е да го правите пилингот по туширање, додека кожата е сѐ уште влажна. Се нанесува нежно со врвовите на прстите, посебно внимателно околу очите кадешто кожата е нежна и чувствителна. Со благи кружни движења се прави лесна масажа и смесата се остава неколку минути да дејствува.
Потоа се мие со млака вода и се тапка со чиста и мека крпа за да се впие само водата а да се задржат хранливите масла на кожата. На тој начин, кожата ќе остане мека и свиленкаста.
Пилингот на лицето е исто така важен, но не треба да претерувате бидејќи тој дел од кожата е почувствителен. Доволно е еднаш неделно.
