Излечете го брзо мамурлукот!

Објавено: 2 мај, 2013, во 06:03 часот

Празникот 1-ви мај го поминавте со друштво, во природа, со добра храна и малку повеќе пијалоци. Ако имавте денеска проблем со станувањето, главоболката и мамурлукот прочитајте ги овие пет совети кои ќе ви донесат спас од ситуацијата во која се наоѓате.

5.Бананите, совршено овошје за лекување на мамурлук.

Тие содржат витамин А, Б6, Ц, Е, и Г, три природни шеќери па така моментално ја враќаат енергијата и силата на “измаченото тело”.

4.Туна од лименка

Ако не ви е премногу мачно, изедете една туна со малку леб и неколку краставички. Туната е богата со минерали и добри омега маснотии па нутриционистите ја сметаат за идеален оброк после пиењето алкохол.

3.Кисели краставички

Можеби ќе ви звучи чудно, но краставичките се еден од најдобрите лекови во борба против мамурлакот. Содржат висока доза на витамин А и К, богати се со магнезиум и калциум, па поради тоа се одлични за враќање на енергијата и силата на телото.

2.Вода

Стар лек кој најдобро пали. Водата е многу потребна на дехидрираното тело, а освен што ќе помогне да се исфрлат штетните материи од организмот, ќе ја спречи и главоболката и чуството на мачнина.

1.Природни овошни сокови

Наутро веднаш да се испие една чаша природен овошен сок. Сокот ќе го врати шеќерот во крвта и бојата на лицето, а големата количина на витамини ќе му дадат сила и енергија на телото.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.