Наумов официјално кандидат за лидер на СДСМ!

Објавено на 30 април, 2013 во 12:16

Социјалдемократот Кире Наумов, екс директорот  на Агенцијата за разузнавање ја официјализираше својата кандидатура за лидер на најголемата опозициска партија. На објавувањето на кандидатурата тој рече дека е член на СДСМ кој секогаш ја критикувал бласта на Никола Груевски, но и дека е убеден во тоа што го прави кога се во прашање грешките на Социјалдемократскиот сојуз кои не треба да се премолчуваат. Наумов својата кандидатура ја промовираше пред „Школка“ во скопскиот Градски парк. 

Го понуди својот концепт со кој можел СДСМ да стане реална и прифатлива политичка алтерантива за сегашната власт, преку решение за враќање на надежта кај работници,сиромашните, кај невработените, маргинализираните групи и кај сите чија основна желба е да живеат достоинствено од својот труд.

– „Имам сила и волја да ги обединиме сите наши членови и поддржувачи, повторно, заеднички да ја изградиме социјалдемократската идеја. Кадровскиот потенцијал на СДСМ е голем, има квалитетни луѓе, кои се спремни и способни заеднички да ги направиме потребните промени. Со добар тим, и, пред сè, со нов начин на дејствување, СДСМ може да стане победничка партија. Ја барам поддршката од месните и општинските организации, членовите на Централниот одбор на партијата и од делегатите на Конгресот за мојата кандидатура претседател на СДСМ,“ – рече Наумов.

Тој очекува изборната кампања во партијата да биде фер и демократска, без разлика на тоа што го кажал вчера за списокот на делегатите и се надева дека сè ќе биде регуларно./А.Д 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.