Словенскиот парламент вечерва доби нова влада!

Објавено на 20 март, 2013 во 23:41

Единаесеттата словенечка влада ја предводи  премиерката Аленка Братушек.

За новиот владин кабинет гласаа 52 парламентарци и 35 беа против.

Кабинетот од 12 министри,кои му припаѓаат на левиот центар, вечерва положи заклетва и се очекува во наредните денови да ги преземе должностите од конзервативната влада на Јанез Јанша.

Тој и неговата влада ја изгуби довербата поради корупцискиот скандал.

Новиот владин тим се очекува да ја заживее економијата и да го спаси банкарскиот сектор.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.