На Попова Шапка се одржува македонско – американска вежба!

Објавено: 6 февруари, 2013, во 17:36 часот

 

Специјалните сили на АРМ и на САД, на Попова Шапка, изведуваат заедничка обука за војување во зимски услови.

 

Специјалните војници усовршуваат техники и процедури за борба во урбана средина, користејќи ги искуствата од специјалните операции во Авганистан.

Обуката започна на 1 и ќе трае до 28 февруари,годинава.

Првиот дел „Борба во зимски услови“ е на Попова Шапка, додека вториот дел од обуката „Индивидуална обука- борба во урбана средина“, ќе се реализира на АП „Криволак“.

На денешната обука на Попова Шапка ќе присуствуваат министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими и заменик-амбасадорот на САД во Република Македонија Брајан Агелер.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.