Зафиров: Во рака имам цврст доказ дека сум неправедно разрешен судија!
Поранешниот судија Валентин Зафиров бара приспитување на случајот за неговото рзарешување, после пресвртот во процесот за платеното убиство во Ореше.
Нов момент во случајот платено убиство на старец од велешко Ореше внесува поранешниот судија, а сега адвокат Валентин Зафиров. Смета дека после вчерашниот пресврт со кој заштитениот сведок Бреза побара откривање на идентитетот и тој може да проговори за она што се случува изминатиов период. Пред десет дена имал блиска средба со сведокот на која добил доказ во своја корист дека е неправедно лишен од функцијата судија. На писмена изјава пред нотар Бреза потврдил дека во моментот кога детали за неговиот идентитет беа изнесени во јавнсот, тој воопшто немал статус на заштитен сведок. Токму поради ова Зафиров беше суспендиран од функцијата судија во велешкиот суд.
„Кога тој сведочеше пред мене немаше статус на заштитен сведок. Статус на заштитен сведок согласно законот за заштита на сведоци е сосема нешто друго. Меѓутоа кога ме разрешуваа не можев тоа да го докажам оти никој не сакаше да го изведе како доказ да го побара од Советот за заштита на сведоци не им одговараше за да можат да ме разрешат.“
Судскиот совет го разреши судијата пред четири години оти докумети со детали за идентитетот на Бреза излегоа во весник, а Зафиров како судија во истрага ја понесе одговорноста. Уште тогаш, а и сега тврди дека ниту сведокот Бреза бил заштитен, ниту пак тој го брифирал новинарот. Смета дека поединци од судската власт ги разрешуваа судиите кои одбиваа да бидат нивни послушници. Се надева на доблеста на судскиот совет од кого очекува да го врати на функцијата од која што го разреши.
„Ако они не одат по службена должност јас се мислам да побарам затоа што имам такво право. А дали очекувам? Мислам дека кога би изјавил дека очекувам би било комично. Меѓутоа јас велам правдата мора да си ја барам, па нека ме изненади ако си ја добијам“, рече Зафиров.
Инаку случајот за убиството на Лазо Милошевски во кој како нарачател е обвинет Ѓоре Петревски, а извршители браќата Ордан и Љубчо Ѓорѓиеви, трае пет години. Го следат низа контроверзии бидејќи истрагата наместо МВР ја водеше ДБК, потоа Зафиров беше тргнат од пшроцесот, по што двете осудителни пресуди паднаа на скопска апелкација, а три и пол години обвинетиот Петревски не можеа да го екстрадираат од САД. Последната е од вчера кога на барање на Бреза, заштитата му е симната, а тој како клучен сведок својот јавен исказ ќе го има на 5 февруари годинава.