Владо Јаневски снима спот за „Булки“
Нашиот поп пејач Владо Јаневски, деновиве во студиото на Томато Продукција снимаше спот за еден од неговите последни хитови, песната „Булки“.
Имено, овој видео запис екранизира емотивна приказна чија поента е дека жената никогаш не старее во очите на мажот. Главен лик е синот на познатата водителка Лила Стојановска, Филип.
Видео записот е во режија на Бане Поповиќ, кој е долгогодишен соработник на Јаневски. Од Томато изјавиле дека ова е само продолжение на долгата соработка со Владо, а во иднина ќе реализираат уште неколку заеднички проекти. Со оваа продукција „чаирскиот романтичар“ го сними и видео записот за „Тајна отровна“.
Додека сте во исчекување на спотот потсетете се како звучеше песната „Булки“:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=qYl4EG7wm_E{/youtube}