Облачно и врнежливо!
Објавено: 29 ноември, 2012, во 10:18 часот
Преку денот ќе има појава на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, ретки грмежи и засилен ветер од јужен правец.
Од АМСМ соопштија дека сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Возачите да возат внимателно особено на патните правци на кои се можни одрони.
Температурата ќе се движи од 7 до 15 степени.
Во Скопје температура до 14 степени.

