Ставрески: “Ќе нема криза за нафта“

Објавено на 19 октомври, 2012 во 13:27

Во Македонија нема да има криза во снабдувањето со нафта, откако Царинската управа ја санкционираше нафтената компанија “Окта“ изјави денеска вицепремиерот Ставрески.

„Не очекувам никаква криза во однос на снабдувањето со нафта или било што во таа насока. Се разбира има увозници, кои што ќе го компензираат ова и ќе обезбедат доволно снабдување на нафтениот пазар”, изјави Ставрески.

Царинската управа во четвртокот објави дека ги одзеде одобренијата за поедноставен увоз и извоз на “Окта“ во државата, и поднесе соодветни кривични пријави.

Дел од медиумите во петокот пренесоа соопштение на рафинеријата ОКТА, во која е искажана реакција на одлуките на Царинската управа за укинување на одобренијата за поедноставни постапки на увоз и извоз на нафтени деривати.

Од компанијата сметаат дека аргументите во одлуките на Царинската управа не се докажани и предупредија дека може да влијае на нормалното снабдување со нафтени деривати на локалниот и на косовскиот пазар.

„ОКТА ќе вложи напори, да продолжи со сите потребни активности за нормално и непречено снабдување на пазарот со нафтени деривати”, стои во соопштението, што го пренесоа дел од медиумите.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.