Средено е свлечиштето во Ваташа
Објавено: 22 август, 2017, во 11:28 часот
Санирано и смирено е свлечиштето кое пред две години се појави во Ваташа по обилни врнежи од дожд. Таму интензивно во изминатиот период се работеше на санирање на купиштата земја која беше закана за една од куќите.
„Многу наши сограѓани претрпеа штети од поројните дождови, а најголемата последица беше токму на овој простор. Неколку свлечишта се јавија од десната страна на реката Луда Мара, изјави градоначалникот за време на посетата на свлечиштето.
Општината за овој зафат потроши околу четири ипол милиони денари. Околу два милиона за испитувања од страна на Градежниот факултет кој ги предложил решенијата, а околу два ипол милиони денари за интервенција. Панов најави дека во наредниот период остануваат за интервенција уште две-три локации каде треба да се смират свлечишта. Парите општината веќе ги имала обезбедено. Како што најави градоначалникот и наредната година ќе се реализира отпочнатиот процес за комплетно регулирање на свлечиштата во Кавадарци/А.Д
