Сообраќајот се одвива без забрани-затворен денеска грчкиот граничен премин “Ники“

Објавено: 23 февруари, 2016, во 08:35 часот

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози. 

Денес од 09:00 до 15:00 часот и од 17:00 до 21:00 часот во целосен прекин ќе биде сообраќајот за влез и излез од Р. Македонија – Р.Грција на граничниот премин Меџитлија – “Ники”, поради штрајк на грчките земјоделци.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.