Почнува модернизацијата на брзата пруга Белград – Будимпешта

Објавено: 27 ноември, 2017, во 19:19 часот

Српската премиерка Ана Брнабиќ утре на железничката станица во Земун ќе го означи почетокот на работите на модернизација и реконструкција на пругата Белград-Будимпешта, соопштија денеска Владата на Србија.

Во рамките на проектот, првата делница на која утре започнуваат градежните работи е онаа од Белград Центар до Стара Пазова.

Како што соопшти Кабинетот на Брнабиќ, со проектот е предвидена комплетна реконструкција и модернизација на градежната и на електротехничкита инфраструктура, со цел зголемување на брзината на движење на возовите на делницата Белград-Батајница до 120 километри на час, а од Батајница до Стара Пазова до 200 километри на час.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.