Идеална маска за нега и на најчувствителна кожа
Објавено на 26 февруари, 2016 во 07:42
Чувствителната кожа особено е тешко да се негува бидејќи дури и изборот на прозиводи не е едноставен.
Од страв дека дури и производите наменети за ова би можеле да наштетат многу жени се одлучуваат за нега со природни состојки.Ако сакате производи и третмани чии состојки ви се одлично познати ви донесуваме рецепт за маска која е идеална за нега на ваков тип на кожа.
Две лажици младо сирење измешајте со лажица мед. Маската наесете ја на претходно исчистено лице,оставете да делува 20 минути. Немојте да ја миете со вода туку парче памук натопете во топло млеко и со него нежно симнете ја маската од лицето.