Во велешката болница се намалува бројот на ковид пациенти
Објавено на 17 мај, 2021 во 16:08
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/veleska-bolnica-so-logo-2.jpg)
На болничко лекување се вкупно 33 ковид пациенти. Од нив 19 се потврдени позитивни, тројца сомнителни и 11 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На Инфективно одделение се лекуваат 15 ковид пациенти, на Интерно одделение пет и во Модуларна болница 13 пациенти. Од нив 18 се на кислородна поддршка.
Во текот на денешниот ден, од болничко лекување испишан е еден пациент како оздравен со еден негативент тест.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)