Се очекува одлука за намалување на рестрикциите
Се намалува бројот на нови случаи на ковид-19 во земјава. Вчера беше регистриран висок број оздравени пациенти. Поради стабилизирање на состојбата, Комисијата за заразни болести на минатата недела предложи попуштање на мерките.
-Од 1 јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не моиже да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни.
-Да престане да важи забраната за групирање на отворено. При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски.
-Да се дозоволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50% исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде 6.
-Спортските натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот.
-Да има се дозволи на угостителските објекти да примаат по 6 гости на една маса, додека сите останати рестрикции за нив остануваат на сила.
-Полицискиот час останува на сила.
-Во текот на оваа и следната недела, Комисијата за заразни болести во соработка со организаторите на настани ќе работи на прецизирање на протоколите за одржување на настани и концерти на отворено, а по 15 јуни според договорените протоколи ќе бидат дозволена и организација на ваков тип настани.
Според податоците на министерството е забележано намалување на активните носители на вирусот во Скопје каде на 28 мај, имало активни 983 случаи додека денеска има 506. По еден активен случај има во Валандово, Дебар, Пехчево, а Дојран и Демир Капија немаат заразени лица со ковид 19.
Досега во земјата се направени вкупно 794.832 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.269, бројката на оздравени пациенти е 148.664, на починати е 5.408, а бројот на активни случаи изнесува 1.197.