Програма на „Велешко лето 2021“ за месец август
Свеченото отварање на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“ беше првиот настан од „Велешко лето 2021“, за месец август. Општина Велес ја објави целосната програма за месец август.
Денеска, 4 август, со почеток од 20:00 часот во Театар „Ј.Х.К. Џинот”, Велес ќе се одржи промоција на фестивалска публикација „Нова античка драма“. Исто така, на сцена „Петре Прличко“ во Театар „Ј.Х.К. Џинот”, Велес од 20:00 часот ќе игра и монодрамата „Исмена“.
Утре, 5 август, со почеток во 12:00 во фоајето на театар „Ј.Х.К. Џинот”, Велес ќе се одржи и изложба на Филип Петковски „Vita”. Истиот ден, со почеток во 20:00 часот на сцената „Петре Прличко“ во Театар „Ј.Х.К. Џинот”, ќе се одигра претставата „Орестија 1/4 “
На 6 август, петок, на сцената на Теодосијанската палата во археолошкиот локалитет Стоби ќе се изведе претставата „Протеј“ – Театар од Грац, Австрија. Во Ликовен салон во Велес, истиот ден, со почеток од 20:00 часот ќе се одржи промоција на монографијата „Македонски РОК времеплов” од Тошо Филиповски.
Во сабота, 7 август, на сцена „Петре Прличко“ во театар „Ј.Х.К. Џинот”, Велес со почеток од 20:00 часот ќе се одигра претставата „Бакхи, краток преглед на распадот“ – Народен Театар, Битола.
Во склоп на ИФАД „Стоби“, на 8 и 10 август, во театар „Ј.Х.К. Џинот” Велес ќе се одржи и филмска проекција под отворено небо, со почеток во 21:00 часот.
На 11 август, со почеток од 19:00 часот во Ликовен салон во Велес ќе се одржи изложба на аматерски фотографии „Велес од мојот објектив” и промоција на книгата „Крлевизми – избрани афоризми” од Атанас Крлевски. Истиот ден, еден час подоцна, на сцената „Петре Прличко“ во театар „Ј.Х.К. Џинот”, Велес, ќе се одигра претставата „Едип, Коментари“ – Народен театар Штип.
На 12 август, четврток, во Ликовен салон во Велес со почеток од 18:00 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Рекламата како текст”, проф. д-р Снежана Петрова – Џамбазова.
Наредниот ден, 13 август, петок, во салата „Бели Мугри“ со почеток од 19:30 часот, ќе се одржи концерт на Трио „Окарина”, Велес. Истиот ден, во 21:00 часот во Шато Сопот ќе се одржи филмска проекција под отворено небо.
Во сабота, 14 август, во салата „Бели Мугри“ со почеток од 19:30 часот ќе се одржи концерт „Музички бисери“, на ученици од ООМУ „Стефан Гајдов”.
Во вторник, 17 август, ќе се одржи свеченото затворање на ИФАД „СТОБИ”, со претстава „Отело” – МНТ и НП Зеница, БиХна на сцената „Петре Прличко“ во театар „Ј.Х.К. Џинот”, Велес со почеток од 20:00 часот.
Во среда на 18 август, во амфитеатарот на Младински парк,со почеток од 20:30 часот, ќе се одржи концерт на Петар Ренџов и „Тумбао салса бенд”.
Петар Марковски, Оливер Јосифовски и Марко Трендафиловски ќе одржат Jazz концерт, на 19 август, со почеток од 20:00 часот.
Во петок, 20 август, во амфитеатарот на Младински парк, со почеток од 21 часот ќе се одржи концерт и на „Double Trouble”.
Во вторник, 24 август, со почеток од 19:00 часот, во Ликовен салон во Велес, ќе се одржи ликовна изложба на дела од Ангел Петров. Следниот ден, 25 август, е резервиран за концерт на Мандолински оркестар Свети Николе, со почеток од 20:00 часот, во амфитеатарот на Младински парк.
На 28 август, ќе се одржи концерт „Живеј со музика –По патеката на филмската музика” на Влатко Груевски,тенор и Андреј Наунов, пијано со почеток од 20:30 часот во амфитеатарот на Младински парк.
На 30 август, во амфитеатарот на Младински парк со почеток од 20:00 часот концерт ќе одржи и Трио Џентлмен. Следниот ден, 31 август, во салата „Бели Мугри“ со почеток од 19:00 часот, ќе се одржи концерт на Градски Камерен оркестар, Велес.
На 1 септември, со почеток од 12:00 часот, во Ликовен салон во Велес ќе се одржи Ликовна изложба посветена на Мемо Сулејманов.
Општина Велес ги известува граѓаните дека сите настани и активности кои се дел од програмата на „Велешко лето 2021” се реализираат согласно објавените протоколи за организирање на настани и дека организаторот го задржува правото за промена и надополнување на Програмата на настани и содржини.
Стефани Манева