МОН: Создадени се услови за започнување на учебната година со физичко присуство

Објавено на 16 август, 2021 во 14:10

Создадени се услови за почеток на новата учебна година со физичко присуство, оцени денеска Главниот кризен штаб со кој раководеше премиерот Зоран Заев, на предлог на Министерството за образование и наука. Конечната одлука за начинот на кој ќе започне новата учебна година се очекува да биде донесена утре на Владина седница.

-Според членовите на ГККШ во прилог на заклучокот за почеток на училишната година со физичко присуство, се големиот број на вакцинирани наставници и училиштен кадар, којшто во моментот изнесува 62%, од вкупниот број вработени во училиштата.

Во насока на започнување на новата учебна година се и протоколите за заштита од Ковид- 19, за  настава со физичко присуство, кои се изработени од страна на МОН  и веќе усвоени од Комисијата за заштита од заразни болести, а се однесуваат на носење маски и редовно проветрување на просториите каде се одржува наставата. Протоколите се веќе доставени до училиштата, а може да се погледнат и на следниот линк, соопштија од МОН.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.