Реновирана зградата на полициското Oдделение на СВР Велес во Општина Чашка
По 64 години, полициските службенци во одделението во Чашка, работат во реконструрани канцеларии што се опремени со нов мебел. Тие добија чајна кујна и друштвена соба. Сосема нов изглед имаат и тоалетите. Старата зграда доби нов покрив и фасада како и урбана опрема во дворот. Овој објект е по 59 целосно реконструиран со финансиски средства на Министерството за внатрешни работи , рече Министерот Оливер Спасовски.
-Сметам дека се што направивме ја менува сликата и довербата во македонската полиција. Сите приоритети што ги одредивме заедно како МВР и Синдикат на полицијата за тоа каде треба најприоритетно да делуваме. Врз основа на таа приоритетна листа и ги извршуваме.Обезбедивме 5 милони денари за реконструкцијата на овој објект, по сите стандарди со енергетска ефикасност. Ги споивме старите два дела во објектот со топла врска, целосна внатрешна надворешна реконструкција, врати прозори, термо фасада и кровна конструкција. Да се заблагодарам за поддршката што ја добвме од Градоначалникот и Советот на општината како и на неколку донатори кои покажаа општествена одговорност како луге и сопственци на фирми поттикнати од оваа наша иницијатива. Тие се вклучија со набавка на мебел, додаде Спасовски.
Тој потенцираше дека во исто време се реконструирана и зградата на СВР Куманово изградена во 1929 година и во план се реконструкции на уште неколку наредни објекти на министерството во внатрешноста на државата како Штип, Пробиштип, Радовиш, Берово и Делчево. Целта е да имаат нормални услови за работа и да бидат по мотиврани за работа додека граганте да имаат по добри услови за остварување на своите права.
Градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски се заблагодари за иницијатвата на Министерството што руиниранот објект со реконструкцијата го смени ликот на центарот на општината од една и од друга страна овозможи по хумани услови за работа на вработените полициски службеници.
-Воедно, ова полициско одделение е и сервис на граѓаните во општината. Благодарност и честитки Министер и вработени од кои очекувам да го чуваат и да работат во него, додаде Стојановски.
Предавањето на реконструираниот објект се одржа денеска на верскиот празник Успение на Пресвета Богородица за што Градоначалникот и Министерот упатија честитки до граѓаните.
Убавка Јаневска