Паметни очила Ray-Ban Stories пласира Facebook

Објавено на 10 септември, 2021 во 11:14

По почетна цена од 299 долари паметните очила ќе бидат достапни во 20 различни дизајни. Тие ќе може да се купат во продавници во САД, Австралија, Канада, Ирска, Италија и Велика Британија.

Facebook објави паметни очила наречени Ray-Ban Stories, развиени во соработка со EssilorLuxottic и Ray-Ban, беше објавено во соопштението за печатот на веб-страницата на компанијата.

Паметните очила Ray-Ban Stories ви овозможуваат да фотографирате и снимате видеа, да споделувате датотеки, да слушате музика и да остварувате повици, се вели во соопштението.

Очилата се направени со две камери со резолуција од пет мегапиксели, што ви овозможува да фотографирате и снимате видеа до 30 секунди со помош на копче или гласовен асистент на Facebook.

Уредот, исто така, е опремен со три микрофони и звучник, а синхронизацијата со специјална нова апликација Facebook View ви овозможува да испраќате снимки директно до социјалните мрежи и инстант пораки, како и да зачувувате на вашиот телефон, а подоцна и да уредувате.

ЛЕД светлото за снимање е вклучено, така што луѓето во близина знаат кога корисникот прави фотографија или видео.

Паметните очила на Ray-Ban Stories се првиот производ што излезе од повеќегодишното партнерство на Facebook со EssilorLuxottic.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.