Топло со температури до 40 степени
Објавено: 21 август, 2026, во 08:02 часот
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури се движат од 9 до 17 степени додека дневните од 33 до 40 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Дума.мк



